Акустичен концерт на британскиот фолк-панк трубадур FRANK TURNER вечерва во МКЦ

Во салата Фросина, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, вечерва, со почеток во 20:00 часот, ќе имате можност да го проследите концертот на британскиот фолк-панк трубадур FRANK TURNER.

Frank Turner ќе ни го претстави својот десетти студиски албум UNDEFEATED – уникатниот проект кој ја покажува неговата истрајност и страст во истражувањето на нови музички хоризонти, со концерт кој на специфичен начин ги поврзува искрените емоции и извонредната музика во непосредна врска со публиката.


Како независен уметник, Тарнер сам ја пишува музиката и самиот го продуцира овој албум. Настапот во Скопје е дел од неговата специјална турнеја фокусирана на минимализмот и чистотата на неговиот музички израз.

Влезниците се достапни во продажната мрежа на МкТикетс и онлајн на: https://mktickets.mk/event/frank-turner/


©EKRAN.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ЕКРАН.мк може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ЕКРАН или посебен договор, не е дозволено превземање, користење или реемитување на вестите, во спротивно ќе уследи фактурирање на име „плагијат“ во вредност од 20.000 денари.

Видете следно

[Светски ден на сонот] Опоравувањето од летното сметање на времето може да трае повеќе од три недели, најмладите се најмногу погодени

  Новата верзија на апликацијата Samsung Health ви помага да го подобрите вашето опкружување во …