Алкараз: Сакам за децата да бидам како Надал и Федерер

Третиот светски рекет, шпанскиот тенисер Карлос Алкараз, во интервју зборуваше за неговата желба да ја инспирира помладата генерација.

„За мене најважно е да бидам љубезен и добар човек. Сакам да бидам инспирација за децата, како што ми беа Надал и Федерер. Тие беа мои идоли и секогаш мислев дека се многу отворени и љубезни луѓе. Тенисот се промени многу во последните 20 години , затоа што кога се насмевнувам, уживам и тогаш го играм мојот најдобар тенис“, изјави младиот ас.

21-годишниот Шпанец го освои турнирот во Ротердам во 2025 година, каде во финалето го победи Австралиецот Алекс де Минаур со 6-4, 3-6, 6-2.

Алкараз стигна и до финалето на Мастерсот во Индијан Велс, каде загуби во три сета од Британецот Џек Дрејпер - 1-6, 6-0, 4-6.