Фудбал

ЛШ: Разиграна Барселона, убедлив ПСЖ

ЛШ: Разиграна Барселона, убедлив ПСЖ

Барселона и ПСЖ направија исчекор кон полуфиналето во Лигата на шампиони, откако оваа вечер ги одбранија своите терени и запишаа победи изразена со резултат 4:0, односно 3:1.

„Милионерите“ се покажаа како недораснати ривали за избраниците на Ханси Флик, па конечните 4:0 се реална слика за разликата во квалитет на теренот.

Резултатот го отвори Рафиња откако добро во шеснаесетникот реагираше Кубарси, а потоа на сцена стапи Роберт Левандовски, кој уште еднаш докажа дека не е изморен да постигнува погодоци против поранешниот клуб.

Полјакот двапати го матираше Кобел за предност од 3:0, а конечните 4:0 ги постави Ламин Јамал со хируршка завршница по една контра.

За разлика од Борусија, Астон Вила успеа да постигне гол на „Паркот на принцовите“ и поведе со погодокот на Роџерс со 0:1, но со тоа само ги разлути „светците“ кои одиграа далеку подобро и доминатно.

ПСЖ заслужи победа и повисока од конечните 3:1, но начинот на кој направи пресврт сигурно уште долго ќе остане во сеќавање на голманот Дибу Мартинез.

Аргентинецот прими два спектакуларни погодоци од Дуе и Кварацхелија, додека минијатура во завршницата изведе и Мендеш за конечни 3:1 во 92-та минута.

To top