Радивојевиќ: Знаевме што нѐ чека со Алкалоид, во плеј-оф секој меч е клучен

Богдан Радивојевиќ имаше одлична партија во дресот на Еурофарм Пелистер и со шест гола учествуваше во дерби-победата над Алкалоид (30-28) во Битола. По мечот, српскиот репрезентативец изрази задоволство од постигнатиот успех и кажа дека секој меч ќе се игра максимално сериозно.

„Верувам дека некое искуство на крајот пресуди. Aлкалоид е млада екипа полна со желба и игра доста добар и брз ракомет. Знаевме дека ќе биде тешко, одигравме доста концентрирано и дојдовме до победа. Во овој плеј-оф секој меч е клучен, мора да победиме на секој меч и за овие навивачи и за нас. Работиме напорно за да дојдеме до резултати, знаеме што да направиме, нема да го потцениме никого, во секој дуел ќе влеземе со 100% затоа што нашата цел е титулата“, изјави Радивојевиќ.

Еурофарм Пелистер е лидер во плеј-офот со девет бода, пред Вардар 1961 кој има осум бода. Алкалоид е трет со четири освоени бода.