Драма се случувало вчера во Дебар Маало во Скопје. На погрешно паркирано „порше“ полицијата и пајак службата не сакале да му пишат казна, ниту, пак, да го кренат.
Луѓе сведоци на настанот, кои снимиле видео велат дека „поршето“ било на полицаец, а дека тие и покрај прекршоците не сакале да го земат.
Полицаецот, на кој граѓаните му велеа дека возилото е тука паркирано три часа,а сопственикот си седи во кафеаната, откако влезе влезе внатре, веројатно да се договори со сопственикот, излезе и го кренаа возилото.
Утрово се јавија од Општина Центар, во чие соопштение се вели дека токму полицијата, а не ПОЦ не сакале да го кренат возилото.
-Крајно некоректни и манипулативни се обидите од некои медиуми да се префрли одговорноста на Пајак службата на ЈП „Паркинзи на Општина Центар” која професионално си ја врши работата. Отстранувањето на непрописно паркираните возила е по налог на службено овластено лице. Во случајов нашите вработени воопшто не го стопираат кревањето, туку едноставно чекаат налог од страна на службеното лице, полицаец. По добивање на истиот веднаш постапуваат и го креваат возилото. Тоа впрочем и го објаснува службеникот од ПОЦ во самото видео. Благодарност до екипите на ПОЦ кои неуморно работат на санкционирање на несовесни возачи. Ја поздравувам и активноста на граѓаните кои бараат санкционирање на сите оние коишто со своите возила ги блокираат улиците и велосипедските патеки во Центар. Истовремено, недозволиво е полициски службеник да не сака да си ја врши својата работа. Барам од МВР да ги санкционира полициските службеници кои не постапуваат при очигледни прекршоци. Недозволива е селективноста при казнување на граѓаните”, потенцира Герасимовски.
По ова се огчасија и од МВР, кои велат дека возилото е кренато, на возачот С.К. му е изречена казна. МВР демантира дека возилото е на полициски службеник, а дека за постапувањето на полицаецот, кој првично не сакаше да го крене „поршето“ ќе постапи Одделот за внтрешна контрола.