Фудбал изјава

Хулијан Алварес се огласи прв пат по промашениот пенал

Аргентинскиот фудбалски репрезентативец Хулијан Алварес се најде во центарот на вниманието по пенал-рулетот меѓу Атлетико Мадрид и Реал Мадрид, а по кој на крајот се радуваше Кралскиот клуб. Алварес даде гол од пенал, но по реакција на ВАР системот, беше констатирано дека Алварес со двете нозе ја допрел топката, што не е дозволено, па погодокот беше поништен.

По речиси 24 часа од таа драма, за прв пат во јавноста се јави и Алварес, кој сепак не сакаше да го коментира спорниот момент.

„Боли да бидеме елиминирани откако дадовме сè на теренот и се боревме до последната минута. Не ни беше судено да одиме понатаму, но овој тим покажа карактер, посветеност и срце. Им благодариме на нашите навивачи што секогаш ни даваат поддршка, навиваа непрекинато и го прават секој натпревар да биде посебен. Сега е време да продолжиме и да се фокусираме на она што е следно“, беше пораката од Алварес на социјалните мрежи.

Теми на денот

To top