Македонија се лекуваше во Литванија

Таравари за 60-та жртва од пожарот во Кочани: Починатиот имаше 40% изгореници и беше ставен на дијализа

Таравари за 60-та жртва од пожарот во Кочани: Починатиот имаше 40% изгореници и беше ставен на дијализа

Министерот за здравство Арбен Таравари ја потврди веста за смртта на 60-тиот починат од дисокотеката „Пулс“ во Кочани.

Информираше дека овој пациент бил еден од најкритичните пациенти со 40% на изгореници на телото и дијализа поради откажување на бубрезите.

Таравари потврди дека има уште тројца пациенти кои се исто така во тешка состојба и активно се следи нивната состојба.

-Утрово ја примивме веста дека пациентот, кој се лекуваше во Литванија, починал. Тој беше ставен на дијализа поради откажување на бубрезите на 1 април и имаше 40% изгореници на телото. Подолго време беше во критична состојба. Остануваат уште 3 или 4 пациенти кои се критични. Се надеваме дека другите нема да завршат со фатален епилог. Пациентот имаше инфекција поради огромната површина на раните на телото, изјави ресорниот министер.

Најнови вести од Македонија

To top