Лажно се претставил и барал пари од Воислав кој понуди помош во Норвешка

Сподели

Воислав Дабевски кој живее во Осло, Норвешка понудил помош по трагедијата во Кочани. На ФБ објави дека за малку ќе го измамиле, пишува Воислав, кога добил повик од дечко кој се претставил како Филип Мицевски, син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот.

“ВНИМАВАЈТЕ луѓе, постојат нелуѓе! За малку ќе наседнев на измама за пари откако понудив помош по трагедијата во Кочани. Добив повик од дечко кој се претстави како Филип Мицевски, 20-годишен син на пејачката Сара Пројковска, која загина во пожарот. Тој ми раскажа дека неговата сестра, која била со Сара во клубот, сега лежи во болница во Скопје со тешки изгореници и дека во петок треба да ја префрлат во болница во Осло. Звучеше вознемирено, дури и плачеше – толку убедливо што почнав да го тешам. Потоа ми побара пари за маст за изгореници, и тогаш почнав да се сомневам. Ми испрати и слика од пасош, но веднаш забележав по годината на раѓање дека личноста на него е 30-годишен маж, а не 20-годишно момче.

Во меѓувреме, се распрашав по пријатели за да проверам дали приказната е вистинита – и, како што претпоставував, беше целосна измама. Затоа, бидете внимателни! Во светот има измамници кои ќе се обидат да ја искористат вашата добрина. Но, јас и понатаму верувам – добри луѓе постојат!” – пишува Воислав Дабевски.