• Иван Димовски
Карло Анчелоти по поразот на Реал Мадрид дома од Валенсија (1-2) во Примера го анализира одиграното. Италијанецот призна дека неговиот тим морал подобро во одредени ситуации, но нагласи дека заслужиле да победат. Посочи дека на „кралевите“ им недостигаше концентрација во завршницата.
„Борбата за титулата станува тешка, ама ние сме решени да одиме до крај, едноставно мора да се бориме. Не е проблем ниту физичката подготвеност, а ниту тактиката. Креиравме доста шанси, ама ни недостигаше ефикасност. Во моментов на нашите противници не им треба премногу за да ни дадат гол. Ризикувавме за да победиме бидејќи реми не ни беше во корист. На крајот примивме гол од контра и бевме казнети.
Мора да внимаваме на секој детаљ, од промашениот пенал до статичноста во играта. Валенсија одигра фантастично, ама ние заслуживме победа без сомнеж. Можеме да напредуваме и да се подобриме. Сезонава губевме некои натпревари и заслужено, но сега не беше така“, изјави Анчелоти.
За среќа на Реал кикс направи и Барселона против Бетис (1-1), а каталонскиот тим има четири бода предност.