Младинскаtта ракометна репрезентација на Македонија повторно ремизираше со Полска на средбата што се одигра во Олецко.
Вчера нашите ракометни надежи одиграа со домаќинот 24:24, па денеска според првичниот план требаше да играме со Алжир, но оваа селекција не дојде до Полска и овој простор, термин беше искористен за ново соочување со Полјаците кое овојпат заврши со 27:27.
Избраниците на Стојановиќ имаа пет гола негатива на полувреме (16:11), но во продолжението заигравме подобро и останавме непоразени во дуелот на кој голманот Брестовац одново имаше завршна одбрана како на вчерашното соочување.