Бизнис
ГЕРМАНИЈА ГУБИ 10.000 РАБОТНИ МЕСТА МЕСЕЧНО
29.03.2025
Невработеноста во Германија расте, а многу компании, особено во индустријата, планираат да ги намалат работните места. Новите работни места претежно се отвораат во услужниот сектор и често се послабо платени.
Истражувањето на Институтот за германска економија во Келн (IW) покажува дека годинава само 17 отсто од компаниите ќе вработат повеќе работници, додека 38 отсто планираат да го намалат бројот на вработени.
Прогнозите се особено лоши во индустријата односно 44 отсто од анкетираните компании планираат отпуштања, додека само 14 отсто очекуваат нови вработувања.
Бројот на вработени во индустријата до ноември 2024 година бил околу 7,4 милиони, додека во 2019 година бил речиси 7,8 милиони. Ова претставува намалување за околу 350.000 работни места.
Енцо Вебер, научник од Нирнбершкиот институт за истражување на пазарот на трудот, вели дека Германија е во економска криза, која сега сè повеќе влијае на пазарот на трудот.
Невработеноста во Германија е зголемена три години по ред. Од 2017 година, стапката на невработеност во Германија е во просек под шест проценти. Минатата година првпат се искачи на шест отсто, додека во јануари и февруари годинава достигна 6,4 отсто, пренесува Б92.
фото freepic