Press "Enter" to skip to content

Во детските трки на Маврово четири медали за Пелистер, по два за Ангела Ристевска и Јаков Мицевски (фото)

Изминатите два дена во Маврово се одржаа првите детски трки оваа сезона во алпско скијање на кои учествуваа и мпадите скијачи од ски клубот Пелистер од Битола .Пет млади скијали од Битола предводени од тренерите Марјан Нашоку и Дамјан Неделковски имаа добри пласмани во слалом и велеслалом. Ангела Ристевска со супер пласман и две втори места во велеслалом и слалом во U16.

Јаков Мицевски со одлични две трети места во вчерашниот слалом и денешниот велеслалом во категорија U16.Настапи за прв пат имаа и младите скијачи коо ја продолжуваат ски традицијата на Пелистер, Ирина Каравилоска, Софија Каравилоска и Антони Костов.