• Иван Димовски

Мексиканскиот возач Серхио Перез би можел да се врати во Формула 1, откако по крајот на минатата сезона остана без своето место во Ред Бул. Тој во моментов нема тим и е слободен агент, но веќе сериозен интерес за него покажале неколку тимови на гридот.
Перез откри дека по заминувањето од Ред Бул поради лошите перформанси бил контактиран од повеќе тимови. Сепак, не најде опција за 2024 година и ќе почека до следната сезона за потенцијален кам-бек.
„Од трката во Абу Даби ме контактираа неколку екипи. Сезоната почна, па некои работи ќе бидат отворени во наредните месеци. Кога ќе видам кои ми се опциите ќе донесам одлука. Тоа што е јасно дека ќе се вратам само ако проектот има смисла и ако е ангажман во кој ќе уживам“, изјави Перез.
Иако има 35 години, Серхио Перез покажува интерес уште да вози во Формула 1. Покрај тоа, потенцијален ангажман на Мексиканецот гарантира и добра финансиска инекција за тимот, бидејќи зад Перез има големо лоби од родната земја која плаќа спонзорски договори.
За потсетување, од следната сезона ќе има уште две слободни места на гридот бидејќи во Формула 1 влегува и Кадилак како единаесетти тим кој засега нема одбрано возачи.