На 77-годишна возраст денеска почина поранешниот скаут на Спортинг Лисабон, Аурелио Переира.
Переира засекогаш ќе остане запаметен како човекот кој ги откри најголемите португалски ѕвезди, Кристијано Роналдо, Луис Фиго и Нани, откако во 1988 година самиот го основа Одделот за регрутирање и тренинзи во спортот преку кој откри бројни фудбалски таленти од Португалија.
Беше скаут на Спортинг Лисабон повеќе од 30 години, а имаше дури десет „свои“ фудбалери кои беа дел од португалската репрезентација која ја освои шампионската титула на Европското првенство во Франција 2016 година.
Од својот „фудбалски татко“, како што го нарекуваше, се прости и Кристијано Роналдо.
„Не остави еден од најголемите симболи на светскиот фудбал, но неговото наследство ќе живее засекогаш. Засекогаш ќе бидам благодарен за се што направи за мене и за многу други играчи. Збогум, господине Аурелио. Ви благодарам за се. Почивај во мир“ – напиша Роналдо на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА