Партизан и АЕК ќе играат во Бугарија и тоа во утрински термин!

Партизан и АЕК ќе играат за влез во полуфиналето на Европскиот Куп на ЕХФ во Бугарија. По одложувањето поради безбедносни причини, Европската ракометна федерација објави дека реваншот од четвртфиналето на Европскиот Куп е презакажан за 7 април.

Натпреварот ќе се игра зад затворени врати без присуство на публика, а домаќин ќе биде бугарскиот град Шујмен и тоа во термин од 11:00 часот наутро.

Првиот натпревар во Грција заврши со триумф на АЕК од 27-22, а победникот од овој двомеч во полуфиналето ќе игра против Извиѓач од Босна и Херцеговина. Во второто полуфинале на натпреварувањето, македонскиот Алкалоид Ракомет ќе се соочи со Рунар Сандефјорд од Норвешка.

Термините за одигрување на полуфиналните натпревари 19/20 и 26/27 април.