ВНИМАВАЈТЕ: Отворени шахти во близина на ТЦ Скопјанка – Ангелов со апел за итно преземање мерки

Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов од терен уште еднаш упати апел до ЈП Водовод и канализација на Град Скопје за итно преземање на соодветни мерки во врска со отворената шахта спроти ТЦ Скопјанка, која претставува опасност и ризик од загрозување на безбедното движење на граѓаните.

Потсетуваме дека преку социјалните медиуми до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов минатата седмица добиена е пријава од граѓани за две отворени шахти во општина Аеродром – едната спроти ТЦ ,,Скопјанка”, а другата веднаш после подземен премин, на бул. ,,К.Ј – Питу”, зграда бр. 28.

ЦУК веднаш по пријавата ги извести ЈП Водовод и канализација на Град Скопје од каде добивме одговор дека и двете шахти се во сопственост на станарите и деловните објекти во околните згради.

Бидејќи местото на кое се наоѓа отворената шахта е доста фреквентно, а во вечерните часови видливоста е значително намалена, повикуваме на итно санирање и решавање на овој проблем.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
spot_img

Најважното