ВИДЕО: Хитот Бетис вторпат сезонава ѝ одолеа на Барселона

Екипата на Бетис уште еднаш покажува дека е хит во шпанска Примера, со ремито против големиот фаворит Барселона (1-1) во рамки на 30-тата рунда во елитниот шампионат на Пиринејскиот полуостров.

По претходните 2-2 во првото соочување, Бетис уште еднаш успеа да освои бод против главниот фаворит за титулата и да направи мала услуга на Реал Мадрид во битката за врвот. Кралевите загубија од Валенсија, Барселона можеше да избега на плус шест, но по овој резултат, предноста е четири бода.

  • Извештај од натпреварот:

Главните возбудувања на дуелот беа во првото полувреме. Тогаш паднаа и двата гола. Уште во 7. минута, домашната екипа дојде до предност. Екипата на Флик доживеа радост кога во 7. минута Торес го проигра Гави, а тој погоди за 1-0. Сепак, радоста траеше само десет минути, затоа што во 17. минута, Натан стрела за 1-1 по додавање од Ло Селсо.

Во второто полувреме Барселона беше многу поактивна, имаше прилики за гол, но не го најде патот до мрежата и потребната победа. Каталонците се на врвот на табелата со 67 бода, Бетис е петти со 48 бода.

И двата тима со ремито ја продолжија серијата без порази. Барселона е непоразена 22 меча во сите конкуренции, додека Бетис е во низа од осум меча без неуспех.