Украдено, па пронајдено службеното „ауди“ на Општина Аеродром

од Nikola Popovski
88 прегледи

МВР информира дека било украдено службено возило во сопственост на локалната власт Аеродром. Случајот во полиција го пријавил градоначалникот Дејан Митревски.

-На 7 април 2025 година, во 22 часот, градоначалникот на општина Аеродром, Д.М. (37) од Скопје, пријавил во Полициската станица Аеродром дека службено возило „Ауди“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на општината, било украдено од гаража на булеварот „Јане Сандански“, стои во билтенот на МВР.

Како што се наведуваат од полицијата според пријавата, возилото било одземено во период од 15:30 часот на 4 април 2025 до 20:40 часот на 7 април 2025 година.

По полициска потрага, автомобилот бил пронајден на улицата „Перо Наков“ во Скопје, но со недостасување на една од регистарските таблички.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

Слични содржини