Вучиќ и се обраќа на нацијата, ќе го забрани ли масовниот протест во Белград?

од Milan1
84 прегледи

Во сабота се очекува масовен протест во Белград, а властите се обидуваат да го попречат на различни начини, обвинувајќи ги студентските организатори за заговор за предизвикување граѓанска војна и соборување на Вучиќ.

Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе се обрати до нацијата во 18 часот. Неофицијално се дознава дека Вучиќ има намера да прогласи вонредна состојба и да го забрани утрешниот најголем протест во модерната историја на земјата, пишува „Danas.hr.

Во сабота се очекува масовен протест во Белград, а владата на различни начини се обидува да го опструира, обвинувајќи ги студентските организатори за заговор за предизвикување граѓанска војна и соборување на Вучиќ. Десетици илјади луѓе се очекуваат пред парламентот во сабота, вклучително и студенти кои пешачат од целата земја, бидејќи јавниот превоз од некои делови на земјата е суспендиран.

Вучиќ изминативе денови неколку пати предупреди дека собирот ќе биде насилен и дека „надлежните знаат“ дека се планираат инциденти, но дека државата „ќе стави крај на обоената револуција“.

Протестите во Србија беа поттикнати од уривањето на настрешница на железничката станица во Нови Сад во ноември минатата година, кога загинаа 15 лица, а уште две беа повредени. Протестите прераснаа во студентски бунт, а од 22 ноември минатата година студентите блокираа повеќе од 60 факултети, барајќи политичка и кривична одговорност за несреќата на железничката станица, борба против корупцијата и општество во кое институциите ќе работат ослободени од политички притисок и влијание.

Слични содржини