Општина Кавадарци објави јавен повик за финансиска поддршка во областа на спортот
- До 16 април трае јавниот повик што го објави Општина Кавадарци за финансиска поддршка на спортски клубови и здруженија во областа на спортот.

Кавадарци, 1 април 2025 (МИА) - До 16 април трае јавниот повик што го објави Општина Кавадарци за финансиска поддршка на спортски клубови и здруженија во областа на спортот.
- Се повикуваат спортски клубови и здруженија во областа на спортот регистрирани на подрачјето на Општина Кавадарци, општински и училишни сојузи, своите апликации за финансиска поддршка од буџетот, да ги достават до Општина Кавадарци, се вели во јавниот повик.
Распределбата на средства ќе ја врши Комисија за спорт врз основа на Правилникот за утврдување на критериумите, начинот и постапката за распределба на финансиски средства на спортски клубови и здруженија како и поддршка на манифестации, турнири и проекти во областа на спортот од интерес на Општина Кавадарци. свд/бак/
Фото: МИА архива