Страшна повреда во Шпанија: Силесен доби удар во стомак и заврши на операција! (ВИДЕО)

Фудбалскиот меч меѓу Лас Палмас и Селта во Примера го одбележа тешката повреда на Јаспер Силесен. 

Течеше 27. минута кога Холанѓанецот доби удар во стомакот и во сериозни болки мораше да биде заменет. Силесен заврши веднаш во болница, а според информациите од силината на ударот имал и проблеми со повраќање.

Во болницата голманот бил подложен и на итна операција на цревата, тоа го потврди докторот Диосстано Боланос кој работи во Лас Палмас..

„Има повреда на абдоменот, со одредено зафаќање и на цревата. Засега се оди како што треба“, кажа докторот.

Сега пред Јаспер Силесен е одреден период за пауза и заздравување од повредата и операцијата пред да се врати меѓу стативите.