Бизнис
ВУЧИЌ: ЗА ТРИ МЕСЕЦИ ЌЕ ГО РЕШИМЕ ПРОБЛЕМОТ СО ВОВЕДУВАЊЕТО НА АМЕРИКАНСКИТЕ ЦАРИНИ
04.04.2025
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ изјави дека во следните три месеци ќе го реши воведувањето на американските царини, но појасни дека тарифите се пресметани по „чудна формула“.
- Имаме различни бројки бидејќи работиме според Евростат, а тие имаат некоја американска евиденција која е многу чудна. Тие го пресметуваат нивото на стоковната размена и велат дека ако Србија има вишок од 600 милиони, тие 600 милиони се делат со вкупната трговска размена, што е над 800 милиони. Чудно е од многу причини. За луѓето да не се грижат и ќе го решиме тоа, изјави Александар Вучиќ, пренесува Данас.
фото freepic