Press "Enter" to skip to content

Тим од Техничкото училиште од Битола е победник на првиот “Климатонот“ во Битола

Во ФИКТ Битола вчера и денес се оджува првиот “Климатонот“, каде што амбициозните тимови работеа на своите иновативни еко решенија за почиста и поодржлива иднина, со инспиративни воведни сесии и поддршка од ментори, се со цел да дадат идеи кои можат да направат вистинска промена во заедницата.

По 24 часа интензивна работа, прво место на “Климатонот“ освои тимот од Техничкото училиште од Битола под менторство на професорката Александра Колевска.

-Уште посреќни сме поради силната конкуренција. Браво деца! Браво Александра! Освоена е награда од 6.000 долари. Е, ова е Техничкото училиште, ова се нашите талентирани ученици, мотивирани од своите ментори. Честитки и за другите 2 тима од училиштето за учеството, соопштија од Техничкото училиште.

Факултетот за информатички и комуникациски технологии од Битола единица на Универзитетот “Св. Климент Охридски“ од Битола беше домаќин на 50 студенти, средношколци, ентузијасти, учесници на првиот “Климатон“ во Битола, организиран од Центарот за развој на менаџери и претприемачи (CEED Hub) Скопје, со поддршка на Фондацијата Отворено општество – Западен Балкан и Општина Битола.

More from ВестиMore posts in Вести »