Ернандез може да го напушти Милан ова лето
- Фудбалерот на Милан, Тео Ернандез, би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок, тврди новинарот Николо Шира.

Милано, 1 април 2025 (МИА) – Фудбалерот на Милан, Тео Ернандез, би можел да го напушти тимот во летниот преоден рок, тврди новинарот Николо Шира.
„Росо-нерите“ имаат намера да го продадат играчот доколку тој не потпише нов договор.
Актуелниот договор на 27-годишниот Ернандез е до летото 2026 година, но страните се уште не постигнале договор за негово продолжување.
Ернандез оваа сезона одигра 35 натпревари во сите натпреварувања, постигна четири гола и имаше пет асистенции.
Според „Transfermarkt“, пазарната вредност на играчот е 50 милиони евра. зс/
Фото: ЕПА