Судот го оддалечи Палчо од рочиштето: Пред него Кешишев немало да ја зборува вистината!

Судењето за убиството на Вања и Панче денеска продолжи.

На судењето Игор Ефтимов, адвокатот на Влатко Кешишев, побара првообвинетиот Љупчо Палевски – Палчо да не присуствува на судењето на кое Кешишев треба да даде исказ за настанот околу грабнувањата и убиствата на Панче Жежовски и на Вања Ѓорчевска.

Адвокатот Ефтимов го побара ова поради тоа што како што кажа „пред него Кешишев немало да ја зборува вистината“.

Адвокатот на Палчо, Јовица Страшевски се противеше на ова барање.

„Јас се противам на ваквиот предлог од причина што нема потреба од вакви драми и сцени. Истиот може да ја зборува вистината ако ја знае и искрено да си ја каже. А, на Љупчо Палевски мислам дека со тоа би му било оневозможено да го следи исказот и потоа да поставува прашања. Едно јас како бранител да го следам исказот, а друго е кога обвинетиот би го следел и би поставувал прашања кон обвинетите“, рече Страшевски.

Палевски, пак реагираше дека Кешишев се служи во невистини.

„Изнесува факти кои не постојат. Заборави да приложи писмо или пишана изјава од мене со која сум го терал Кешишев да ја потпише. Ова е вторпат пред судот да изнесува лаги, без притоа да приложи било каков доказ дека јас сум давал искази/писма кои требало да се препишат во име на обвинетиот. И затоа го молам судот да бидам присутен, бидејќи на претходните испрашувања не добив ниту еден укор дека сум прекинувал или влијаел на процеси на давање на исказ на обвинетите. Може и со грб кон мене да биде свртен, мене не ми е важно да слушнам што ќе каже“, рече Палчо.

Согласно член 391 став 4, Судот донесе решение обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо се оддалечува од судница, рече судијата Ивица Стефановски.

На 25.11 Палчо му дал на Кешишев изјава да ја препише и да ја достави до судот додека во комбе се превезувале од затвор кон суд. Со тоа Палчо влијаел врз Кешишев и поради тоа судот одлучи за мерка за оддалечување на Палчо од судницата.

Следете го 4NEWS.mk на друштвените мрежи Facebook | Twitter | Instagram, како и преку нашиот Viber чет.
  • Ознаки
  • 1

ПРИКАЖИ ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

spot_img

Најважното