
Во четврток на територијата на Македонија ќе преовладува променливо облачно време со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има локален дожд, а на планините повремен снег. Ќе дува умерен, а во источните делови и вдолж Повардарието засилен ветер од северозападен правец.
Утринските температури се движат од минус мунус 5 до 3, додека највисоките во текот на денот соодветено ќе бидат во опстегот од 5 до 18 Целзиусови степени.
Во Скопје и околината денеска, исто така, ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе има услови за повремен дожд, Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурата ќе достигне до 18 степени.