Компании

Тикток се соочува со казна од над половина милијарда евра поради кршење на приватноста

Извор: Samuel Stolton/Bloomberg

3 април 2025, 14:18

Тикток ќе биде казнет поради нелегално испраќање податоци на европските корисници во Кина

Казната веројатно ќе биде трета најголема изречена досега, по казните за „Амазон“ и „Мета платформс“

Тикток во 2023 година доби казна со 345 милиони евра за пропусти со личните податоци на децата

Тикток се соочува со казна од над половина милијарда евра поради кршење на приватноста

Bloomberg Mercury

Сопственикот на Тикток (TikTok), „Бајтденс“ (ByteDance Ltd.), ќе биде погоден со казна за кршење на приватноста од над 500 милиони евра (553 милиони американски долари) поради нелегално испраќање податоци на европските корисници во Кина, што дополнително ја зголемува глобалната реакција за апликацијата за споделување видеосодржини.

Ирската комисија за заштита на податоци, главниот регулатор на компанијата во Европа, ќе ја објави казната против Тикток пред крајот на месецот, според луѓе запознаени со ова прашање.

Потегот доаѓа откако долгата истрага покажа дека кинескиот бизнис ги прекршил правилата од Општата регулатива за заштита на податоците на Европската Унија со испраќање на информациите во Кина, со што овозможил пристап за инженерите, додадоа луѓето, кои зборуваа под услов да останат анонимни.

Казната веројатно ќе биде трета најголема досега изречена од страна на ирскиот регулатор по претходните казни од 746 милиони евра против „Амазон“ (Amazon.com Inc.) и 1,2 милијарда евра против сопственикот на Фејсбук (Facebook), „Мета платформс“ (Meta Platforms Inc.), додаваат изворите. Точната големина на казната за Тикток и времето на одлуката не се конечни и сепак може да се променат, велат тие.

Не беше можно веднаш да се контактира со Тикток за коментар. Ирската комисија за заштита на податоците одби да коментира. Одлуката може да биде обжалена од страна на Тикток пред ирските судови.

Како дел од одлуката на Комисијата за заштита на податоците на Ирска, регулаторот ќе нареди Тикток да ја прекине незаконската обработка на податоци во Кина во одредена временска рамка. Кина долго време го предизвикува гневот на активистите за заштита на приватноста, кои тврдат дека режимот за масовно следење на нацијата ги крши основните права.

Вашата претплата не може да се зачува. Ве молиме обидете се повторно.
Вашата претплата е успешна.

Тикток и претходно беше на удар на ирската комисија за заштита на податоци. Во септември 2023 година социјалната платформа беше казнета со 345 милиони евра за наводни пропусти во начинот на кој се грижи за личните податоци на децата. Организацијата исто така алармираше и до големите технолошки компании што испраќаат лични податоци на европските граѓани надвор од 27-члениот блок, изрекувајќи рекордна казна од 1,2 милијарда евра против сопственикот на Фејсбук, „Мета платформс АД“, поради неуспехот да ги заштити личните информации од американските безбедносни служби.

Ирската истрага за Тикток започна во 2021 година, кога тогашната директорка на регулаторното тело Хелен Диксон, тврдеше дека до податоците на корисниците на ЕУ може да пристапат „инженери за одржување и вештачка интелигенција во Кина“.

Ирскиот надзорник надгледува многу од најголемите светски технолошки фирми, вклучувајќи ги и активностите на поголемиот дел од Силициумската Долина.

 

Сите новости од рубриката Бизнис

Бизнис

сите новости од рубриката Бизнис

Регистрирајте се за да продолжите со читање. Регистрирајте се

Продолжете со читање со одбирање на една од опциите подолу

БЕСПЛАТЕН НАЛОГ

Прочитајте го овој и уште четири други текстови (не се однесува на премиум текстови)

Бесплатен билтен

Регистрирај се

Претплата

Неограничен пристап до премиум содржина на сите 5 портали

Неограничен пристап до ТВ и видео содржина

Ексклузивни приказни и анализи од Businessweek Adria

Истражете ги понудите

Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористивте еден бесплатен текст.

Го цениме вашиот интерес за веродостојни информации. Активирајте уште една бесплатна статија и продолжете со читање.

Отклучи сега

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Добијте неограничен пристап денес

Продолжете

Искористете ја ексклузивната понуда денес! Читајте неограничено за 1 € неделно.

Истражете ги понудите

Вашите конкуренти веќе го знаат ова. Дали ќе останете тивки?

Приклучете се сега за само 11 € месечно!

Истражете ги понудите