Press "Enter" to skip to content

Втор протест за дислокација на регионалната депонија близу Битола (фото)

Како и беше најавено, откако поради деновите на жалост беше одложен, вечерва во 18 часот пред  Општина Битола се одржа вториот по ред мирен протест на битолчани кои се залагаат за дислокација на Региноналнат депонија, односно да не биде во рудникот Суводол, во Општина Новаци.Протестот битолчани го одржаа по најавите дека  новата регионална депонија ќе се гради за депонирање смет од 18 општини од Југозападниот и Пелагонискиот Регион, а реагираат, како рекоа, бидејќи не било добро решението на сегашната депонија кај Мегленци, а немаат верба дека таа ќе се одржува и ќе работи според пропишаните стандарди.На протестот беше речено дека на идниот протест ќе бидат повикани градоначалникот и советниците.На вонредната седница Советот на Општина Битола усвои заклучок со кој се бара измена на локацијата за регионална депонија.

More from ВестиMore posts in Вести »