ЕЛЕНА ЛУКА, нашиот најпознат моден бренд, е сеприсутен кога станува збор за свечени и високо-општествени настани, како и прослави и одбележување на битни датуми на многу компании во Македонија.
Прекрасната Ана Пантовиќ, лидер во маркетинг стратегија, блесна во прекрасна креација на ЕЛЕНА ЛУКА на јубилејниот 10-ти роденден на брендот за машка гардероба Signori кој го прославија минатата недела.
Ана носеше креација од последната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА, перфектна конструкција составена од вертикални парчиња за совршен спој со телото. Горниот дел е модифицирана варијанта на англиски корсет, рачно доработен со вез од монистри и кристали во форма дизајнирана специјално за овој фустан. Оваа креација идеално се вклопи во дрес кодот на јубилејната прослава на брендот кој гласеше black with a touch of gold.
Имавме можност да поразговараме со Ана за соработката со ЕЛЕНА ЛУКА, како и за значајниот јубилеј на Signori:
"Согласно вечерашниов дрес код, ЕЛЕНА ЛУКА ми беше првото име и избор којшто ми дојде на ум. Фустанот е од последната колекција на ЕЛЕНА ЛУКА, рачно изработен со прекрасни златни детали коишто одговараат на денешниот настан и сум благодарна на целиот тим на ЕЛЕНА ЛУКА којшто секогаш стоел позади мене и ми помагал за да изгледам вака феноменално како денес, така и многу пати во минатото. Инаку, Signori постои веќе 10 години на нашиот пазар. Многу се радувам што денес го славиме овој значаен 10-ти јубилеј со нашите клиенти, семејството и пријателите, а без сите нив и без тимот на Signori кој напорно работи и стој позади тие совршени одела, не би биле тука каде што сме денес. " – ни изјави Ана.
Навраќајќи се на нивниот претходен јубилеј, каде што Ана исто така носеше креација од ЕЛЕНА ЛУКА, ја прашавме за нивната соработка:
"Со ЕЛЕНА ЛУКА имаме соработка од преку 15 години уште од времето на скопскиот fashion weekend, и уште од тогаш ЕЛЕНА ЛУКА за мене е најголемиот македонски бренд за женска гардероба со многу уникатни ревии, светски креации, со голема храброст во однос на избор на шминка и фризура со што секогаш правеле спектакуларни вечери. И пред пет години за истиов повод ги избрав ЕЛЕНА ЛУКА како бренд кој застана позади мене, па така и денес, и им благодарам уште еднаш." – ни сподели Ана.