СДСМ: Општини и институции раководени од ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со „Пуцко Петрол“

од Nikola Popovski
200 прегледи

СДСМ бара од ВМРО-ДПМНЕ да не се огласува за случајот со канцерогениот мазут и обвинетите Асмир Јахоски и Ратко Капушевски. Според најголемата опозициска партија, „Пуцко Петрол е бизнис изроден како резултат на коалицијата ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ“.

Oд СДСМ потенцираат дека Капушевски е долгогодишен поддржувач и „дете на Груевски“.

-Само во последните 9 месеци, општини и институции раководени од ДПМНЕ имаат склучено 170 тендери со компанијата Пуцко Петрол. За ова треба да одговори ДПМНЕ. СДСМ дава поддршка на истрагата и очеквуаме целосно расветлување на случајот. Секој кој се огрешил треба да одговара. Но, ДПМНЕ треба да одговори како тоа повторно кога е обвинет некој од ДУИ нема притвор, дали повторно има договор како што беше со Артан Груби кој беше пуштен да избега, соопштија од партијата на Венко Филипче.

По одлуката осомничениот Јаховски во случајот со набавката на мазутот за ТЕЦ „Неготино“ на кој му е изречен домашен наместо ефективен притвор, Обвинителството и судот си ја префрлаат топката. Од Обвинителството на Абази велат дека побарале притвор, но судија на претходна постапија ги земал предвид семејните и бизнис прилики, но и дека лицето е татко на четири деца. Се наведува и дека имал нарушено здравје. Сè уште не поднеле жалба.

Од скопскиот Кривичен суд тврдат дека обвинителот дал амин за да се изрече куќен притвор.

Судија на претходна постапка му одреди 30-дневен притвор на Капушевски, генерален директор на фирмата РКМ за трговија со енергенси и нафтени деривати и на уште две лица опфатени со истрагата за набавка на мазут за ТЕЦ „Неготино“.

Слични содржини