Неизвесна е ситуацијата во село Батинци, општина Студеничани откако попладнево Маркова река се излеа од своето корито.
Од снимките може да се види дека истата се излева низ улиците на селото.
На терен е тешка механизација која прави насипи.
Градоначалникот на општина Студеничани, Азем Садики вели дека има доста надојдена река.
Како што вели, тие се на терен и ангажирани се неколку машини.
„Се обидуваме да ја смириме работата, сега за сега не мислам дека ќе има поголем ризик“, додава тој.