Норис и Пјастри со најдобро време на првите тренинзи во Бахреин

Возачот на Мекларен, Ландо Норис, беше најбрз на денешниот прв тренинг пред трката за Големата награда на Бахреин. 

Норис оствари време од 1:33,204 минути, оставајќи ги зад ебе Пјер Гасли и Луис Хамилтон. Четврти беше Александар Албон, а петтото место му припадна на Естебан Окон. Меѓу првите десетмина се најдоа уште Нико Хукелберг, Џек Дуан, Лиам Лосон, Јуки Цунода и Оскар Пјастри.

Вториот тренинг мина во знакот на Оскар Пјастри, кој извозе најдобро време 1:30,505 минути, а зад него беа тимскиот колега Ландо Норис и возачот на Мерцедес, Џорџ Расел.

Квалификациите се на програмата утре, а главната трка ќе се одржи в недела, со почеток во 17:00 часот.