Големото дерби во Белград не може без инциденти: Погоден тренерот на Црвена Звезда

Инцидент на вечното дерби во Евролигата во Белград, откако навивачите на Партизан го удриле тренерот на Црвена Звезда – Јанис Сферопулос!

Сето тоа се случи на полувремето од натпреварот кога тренерот на црвено-белите даваше изјава за Евролигата кога во негов правец полета предмет и го удри.

Грчкиот тренер беше непријатно изненаден, но сепак постапи професионално и даде комплетна изјава.

Овој инцидент фрли сенка на вечното дерби кое вечерва беше речиси беспрекорно организирано.

Се вчитува...