28 Април, 2025
0.0282

УЈП: Апел за обнова на кодовите за идентификација за поднесување на МПИН пресметки

Објавено во: Економија 03 Април, 2025 15:35

Добивај вести на Viber

Управата за јавни приходи ги потсетува даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност кои досега не ја завршиле постапката за замена на кодовите за идентификација, што се користат за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер, да ја завршат оваа постапка пред крајниот рок за поднесување на МПИН пресметките, до 10 април 2025 година. Воедно потсетуваме дека кодовите за идентификација се користат само за потпишување на МПИН пресметките изготвени преку Клиентскиот софтвер и не се користат за потпишување на МПИН пресметките поднесени преку системот е-Даночни услуги.

Од воведување на можноста за поднесување на електронски барања за издавање код за идентификација, односно од 06 март 2025 година, преку системот е-Даночни услуги до денес поднесени се вкупно 28.609 барања за издавање на код за идентификација. Од нив обработени се 24.261 барање, од кои 16.739 се веќе преземени од страна на даночните обврзници. За преземање од страна на обврзниците остануваат уште 7.522 кодови. Апелираме обврзниците да направат проверка на своите профили на системот е-Даночни услуги и да ги преземат кодовите кои веќе се изработени.

Имајќи ја предвид обемноста на процесот, а со цел навремено постапување по барањата, Управата за јавни приходи има формирано тимови кои интензивно работат на овој процес. Во врска со постапката за поднесување на барање за издавање код за идентификација како и постапката за инсталација на преземените кодови, Управата за јавни приходи има изготвено и објавено Корисничко упатство за поднесување на Барање за издавање на клуч за спремање на плата и видео упатство за инсталација на кодовите (види линк  http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1110 и

 http://www.ujp.gov.mk/mk/javnost/soopstenija/pogledni/1112 ).

Со цел навремено и точно информирање на даночните обврзници сите информации во врска со издавањето и инсталацијата на кодовите се проследени и до Институтот за сметководители и овластени сметководители и Комората на сметководители.

Дополнително, Управата за јавни приходи информира дека до денес, 03 април 2025 година, 43.002 даночни обврзници имаат поднесено МПИН пресметки за месец март 2025 година кои се прифатени и одобрени од страна на Управата за јавни приходи. Од нив, 11.636 обврзници веќе имаат исплатено бруто-плата по одобрените пресметки. Според евиденциите на Управата за јавни приходи во наредниот период до истекот на крајниот рокот за поднесување, односно до 10 април 2025 година, се очекуваат пресметки од уште околу 21.393 даночни обврзници


Можеби ќе ве интересира

ШТЕРЈО НАКОВ НЕ СЕ ДАВА, СЕ ПРЕДЛОЖИ СЕБЕ СИ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО БОРДОТ НА „ФЕРШПЕД“ - познати членовите за кои ќе се гласа на акционерското Собрание

ШТЕРЈО НАКОВ НЕ СЕ ДАВА, СЕ ПРЕДЛОЖИ СЕБЕ СИ ЗА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ ВО БОРДОТ НА „ФЕРШПЕД“ - познати членовите за кои ќе се гласа на акционерското Собрание

ОФИЦИЈАЛНО: Фабрика на Владата е преземена од бизнисмен од Василево

ОФИЦИЈАЛНО: Фабрика на Владата е преземена од бизнисмен од Василево

ОКТА ќе исплати 3 милиони евра дивиденда! Во Македонија остануваат повеќе од 400.000 евра

ОКТА ќе исплати 3 милиони евра дивиденда! Во Македонија остануваат повеќе од 400.000 евра

ОВИЕ НЕДВИЖНОСТИ СЕ ПРОДАВААТ ШТОМ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ОГЛАСОТ! Високата побарувачка е диктирана од моменталната состојба на пазарот

ОВИЕ НЕДВИЖНОСТИ СЕ ПРОДАВААТ ШТОМ ЌЕ СЕ ПОЈАВИ ОГЛАСОТ! Високата побарувачка е диктирана од моменталната состојба на пазарот

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Со Законот за енергетика имаме темел за фер, ефикасен и европски усогласен енергетски систем“

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

Инспектори по охридското крајбрежје, 12 угостители на плажите не ги исполнувале безбедносните услови

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

„Валамар“ ја зголемува основната плата од мај во Хрватска, готвачите и келнерите ќе имаат плата до 2.000 евра

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

Украина не го потпишува кончениот договор за минерали

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни

ТРГОВЦИТЕ ДО ТРАМП: Полиците ќе останат празни