Реал Мадрид синоќа по драматичен реванш натпревар против Реал Сосиедад, кој заврши 4-4 дури по продолженијата, се пласираше во финалето на Купот на Шпанија.
Иако имаа предност по првиот меч во Сан Себастијан од 0-1, сепак, вчера тимот од Баскија успеа на сензационален начин да дојде до триумф од 3-4 на „Бернабе“. Мечот замина во продолженија, во кои Рудигер успеа да погоди во 115 минута и да донесе голема радост за кралскиот клуб.
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти даде свој коментар за мечот:
„Кота резултатот беше 0-1, брзо одговоривме и го израмнивме резултатот. Истото беше и при 1-3. Во продолженијата мислам дека бевме подобри. Имаше грешки, но се справивме со ситуацијата. Сосиедад е многу добар тим, и многу ни отежна. И кога губевме 1-3 знаев дека ќе се извлечеме, затоа што дома никогаш не се откажуваме. Реал Мадрид никогаш не се предава“, рече Анчелоти.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА