Познато зошто е отпуштен Мајк Мелоун

Како бомба одекна веста дека Денвер ги отпушти тренерот Мајк Мелоун и генералниот менаџер Келвин Бут на три натпревари пред крајот на сезоната во лигата. Синот на сопственикот на франшизата Стен Кронки, Џош ја откри причината за овој потег.

Како веројатна причина за отказот тренерот и генералниот менаџер во чиј мандат Денвер ја освои единствената титула во 2023 година, може да се наведат неодамнешните резултати, поради што Денвер речиси ја загуби шансата да биде трет на Западот пред плеј-офот.

„Не ни е задоволство да објавиме дека го отпуштивме Мајкл Мелоун од тренерската позиција. Дејвид Аделман ќе ја преземе тренерската функција до крајот на сезоната 2024/25. Оваа одлука не беше несериозно донесена и беше разгледана многу внимателно пред да се донесе со цел да се даде најдобра можна шанса на тимот да се бори за прстен до крајот на сезоната и да им донесе уште една титула на навивачите на Денвер. Иако тајмингот на одлуката не беше најсреќен, тренерот Мелоун помогна да се изгради основата на нашата програма и тоа беше неопходен чекор што ни овозможи да се натпреваруваме на највисоко ниво денес. Стандардите и очекувањата во првенството остануваат непроменети за тековната сезона, а додека гледаме кон иднината, се стремиме да ги надградиме темелите што ги постави тренерот Мелоун за време на неговиот рекорден десетгодишен мандат во Денвер“, изјави Џош Кронки.

Се вчитува...