Али Ахмети е и останува неоспорен идеолог и лидер на Албанците, пишува на Фејсбук Бујар Османи по повиците на ВЛЕН за оставка од Ахмети. Чаир беше лекција, а секоја лекција се прифаќа со достоинство. Ја презедов мојата одговорност и му честитав на победникот, бидејќи дури и во овие околности сакам да оставам зад себе наследство на политичка култура, како што правев во текот на целата кампања. Но, ароганцијата на некои во Влен станува одвратна. ...

Најавата дека претседателот на ДУИ, Али Ахмети за денеска напладне (24.10) закажал седница на Централното партиско претседателство, веќе предизвика бројни анализи и прогнози околу потезите на ДУИ пред вториот изборен круг, но и по прaшањето дали Ахмети потоа би заминал во политичка пензија. Некои портали шпекулираат дека Ахмети бил блиску до одлука да се повлече од политиката, наводно после локалните избори, за да не им се наштети на кандидатите ...

Конечната одлука се очекува да биде објавена по завршувањето на вториот круг од локалните избори, со цел да не се влијае врз исходот за кандидатите на партијата. Засега нема официјален коментар на оваа информација од ДУИ и од Ахмети, кој се нема огласено во медиумите и социјалните мрежи по првиот изборен круг на 19 октомври, на кои коалицијата НАИ, предводена од ДУИ, победи само во Липково и во Пласница. Во Пласница, коалицијата ВРЕДИ не ...

Ахмети ќе одлучи по вториот круг на локалните избори Лидерот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети, сериозно размислува за повлекување од активната политика, јавува албанскиот медиум „Фол“. Според информациите добиени од ДУИ, Ахмети веќе разговарал за оваа можност со најблиските соработници, како и со политички партнери од Албанија и Косово. Конечната одлука се очекува да биде соопштена по завршувањето на вториот круг од ...