„Мурињо само скока како мајмун, не знам зошто дојде во Турција“

Во четвртфиналето од турскиот Куп, Галатасарај го совлада вечниот ривал Фенербахче со 1-2 на гостински терен, а тренерот на поразениот тим Жозе Мурињо физички го нападна Окан Бурук од Галатасарај, по што настана целосен хаос на теренот. 

Токму неспортскиот потег на „специјалниот“ е главна тема во Турција, а свој коментар за целата ситуација даде Нихат Кавечи. 

„Не можам да го разберам. Зошто дојде Мурињо во Турција? Навивачи на Фенербахче, поставете го ова прашање. Зошто дојдовте? Прашајте го тренерот, прашајте го раководството. Тренерот Исмаил освои 99 бода, зошто си замина? Не знам што се случи тогаш и зошто го сменија, Мурињо доаѓа и го штипка за носот противникот.

Некои тренери кај нас измислуваат изговори за да не се коментира нивниот сопствен настап. Дали оваа акција може да се оправда? Што значи штипкање за носот? Ова е првпат да видам вакво нешто. Зошто некој би го направил тоа? Ти скокаш како мајмун и целата заедница на Фенербахче те поддржува“, рече некогашниот фудбалер на Бешикташ, Виљареал, Реал Сосиедад...

Поради глупоста, Мурињо заработи директен црвен картон и сигурно го чека дополнителна казна.