ТРЕНДАФИЛОВ: Минимална плата од 500 евра или генерален штрајк и протести

Објавено во: Економија 02 Април, 2025 15:04
Oд Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ) денеска на протест побара од пратениците во Собранието, од работодавачите во Стопанската комора и од Владата, да ја зголемат минималната плата на 500 евра, а останатите плати за 100 евра.
Рекоа дека доколку тоа не се случи, може да има генерален штрајк и протести.
„Конечно работниците излегоа на улица да бараат плата. Нападите кои ги упатуваат кон нас се само поради тоа што бараме достоинствени плати за достоинствен живот“, рече Слободан Трендафилов од ССМ.
Тој им се обрати на пратениците со „непочитувани“, додавајќи дека се дојдени пред Собранието да побараат од нив да донесат одлука минималната плата да изнесува не помалку од 500 евра и да се зголемат сите останати плати за 100 евра.
„Денеска дојдовме тука ние што одлучуваме во синдикатите дека платите се мизерни, вашите сега 79 проценти зголемени плати не ги заслужувате и затоа дојдовме тука поради фактот што вие не одлучувате за нас, ние ќе одлучиме за вас“, изјави Трендафилов.
Владата донесе одлука минималната плата да се зголеми за 1.812 денари.фото МИА
Можеби ќе ве интересира
ПРЕМИЕРОТ НА КАНАДА ЗА ЦАРИНИТЕ НА САД: Ќе формираме „коалиција од земји истомисленици“

ПОСКАПЕЛА ХРАНАТА И ПИЈАЛАЦИТЕ: Се зголемиле цените на угостителските услуги

ПОРАКА ДО МАСК И ТРАМП: Нивните противници се спремни за масовни протести

ОБЈАСНУВАЊЕ ОД АМЕРИКАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ФИНАНСИИ: Откри колку ќе заработат од царините

ПАУЕЛ ГОВОРИ ЗА ЦАРИНИТЕ: Кажа какви ефекти може да се очекуваат

КАНАДА, ШВЕДСКА, ФРАНЦИЈА: Луѓето повикуваат на бојкот на американски производи

РЕПУБЛИКАНСКИ СЕНАТОРИ СЕ ПРОТИВ ТРАМП: Сакаат да му ги намалат овластувањата за царините

ЦАРИНИТЕ НА ТРАМП НЕ ГИ ПРЕТСТАВУВААТ СИТЕ АМЕРИКАНЦИ: Калифорнија ќе бара да биде изземена
