Бизнис
Зголемен бројот на странски туристи
13.01.2025
Бројот на туристите во ноември 2024 година изнесувал 66 701, од кои 31,6 % биле домашни, а 68,4 % се странски туристи, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.
Бројот на ноќевањата во ноември 2024 година изнесувал 138 226, од кои 38,6 % се од домашните туристи, а 61,4 % од странските.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на туристите е зголемен за 8,3 %, при што кај домашните туристи има намалување за 1,0 %, а кај странските има зголемување за 13,8 %.
Во периодот јануари – ноември 2024 година, во однос на истиот период од претходната година, бројот на ноќевањата е зголемен за 5,3 %. Кај домашните туристи има зголемување за 2,2 %, а кај странските има зголемување за 9,2 %.