Е. Пелистер во вториот дел го „скрши“ Тиквеш

169
0

Актуелниот бранител на титулата, Е. Пелистер, прописно се намачи со екипата на Тиквеш, но со подобра игра во вториот дел дојде до посакуваната победа на стартот од плеј-офот во домашниот шампионат. Во последниот меч од воведното коло, битолчани славеа во Кавадарци со 27:32, иако на стартот домашните влегоа многу мотивирано и успеаја да оддржат комплетна рамноправност.

Тиквеш во првите минути беше подобар и заслужено одржуваше предност, се до завршните десетина минути кога Пелистер влезе во серија, ја презема играта во свои раце и на полувреме замина со гол-предност, 15:16.

Во вториот дел шампионот одлично почна, направи разлика од три гола и истата потоа само ја одржуваше. На моменти Тиквеш се обидуваше да се врати во игра, но искусните гости на крајот го приведоа мечот и до убедлива победа од пет гола разлика.

Капитенот Филип Кузмановски со 12 гола беше најефикасен во составот на Пелистер, додека кај Тиквеш 10 гола запиша Кривокапиќ.

ПретходноКуп на ОФМ: Струмица лесно против Борец за ново финале против Штип УГД
СледноЈамал е нaјдобриот млад фудбалер во светот до 21 година!