ВИДЕО: Гало си даде ефектен автогол во ремито на Лече и Венеција

Фудбалерите на Лече и Венеција одиграа реми со по еден гол (1-1) во рамките на 31. коло на италијанската Серија А

  • Извештај од натпреварот:

Натпреварот на „Виа дел Маре“ не понуди погодоци во првиот дел, па одлуката падна во продолжението. Гостинската екипа стигна до предност во 50. минута од мечот по еден слободен удар. Дефанзивецот Антонино Гало ефектно го матира својот голман во обид да ја спречи топката на првата статива. 

Во продолжението Лече успеа да стигне до израмнување, а стрелец на голот беше Федерико Баширото. Домашниот стопер беше највисок во скокот и со глава по корнерот на Хелгасон погоди за конечните 1-1 во 65. минута. 

Лече со 26 бода се наоѓа на 17. позиција на табелата, додека Венеција има пет бода помалку и е претпоследна.