На 16.02.2025 во 23.06 часот во СВР Битола било пријавено дека на патот Битола – Маково, пред мостот на река Драгор, патничко возило „фолксваген поло“ со битолски регистарски ознаки, управувано од 21 годишник од Новаци, битолско, излетало надвор од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Битола. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Битола.
На 16.02.2025 во 19.40 часот во СВР Битола, С.Ч.(40) од Битола пријавил дека во угостителски објект на ул„Широк сокак“ во Битола бил физички нападнат од едно лице, кое му се заканило со остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 16.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека во 12.40 часот на ул. „Новачки Пат” во Битола, три лица на возраст од 56, 23 и 46 години, сите од Битола, го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
На 16.02.2025 во СВР Битола било пријавено дека во 02.15 часот на ул.„Прилепска” во Битола, 21 годишник од Битола го нарушил јавниот ред и мир со агресивно однесување. По документирање на настанот ќе следува соодветен поднесок.