Мегафон поткаст гостин

Дарио Панковски во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Дарио Панковски во „Ништо лично“ кај Антонио Димитриевски

Тој е дефинитивно највисокиот уметник на македонската естрада. И еден од најдолговечните и најуспешните, не само изведувачи, туку и автори. И по изглед и по години естраден стаж и по резултатите огледани во песните. Твори полека , ама сигурно зашто секоја негова песна излезена од неговата душа станува или хит или останува евергрин засекогаш.

кариерата сепак ќе ја започне како тапанар кој ќе ги има палките в рака, а микрофонот пред себе што е ретка комбинација дури и во светски рамки, а камо ли кај нас. Бонтонот отсекогаш му бил посилна страна, па така ќе се вика и неговиот прв бенд, кој ќе го лансира во естрадните височини, каде и покрај доброто воспитување, ќе останат запаметени по  потсетувањето на понежниот пол дека, „Добрите девојки не го прават тоа“.

Сепак „меѓу сите ѕвезди“ дефинитивно ќе го лансира почетокот на соло ерата на неговиот „Миг 21“ која трае се до денес! Упорен и истраен, знаејќи дека штое негово ќе си дојде, залевајќи го етерот и со „дупла вотка“ и со „Ракија“, шетајќи по стиловите и музичките правци од урбаниот американски фанк, преку јужноамериканките латино ритми, па се до грчко-медитеранскиот мелос и балканските етно звуци на плех музиката, тој ќе создаде и испее дузина незаборавни песни за сите прилики. Поет на животот, најтешките моменти ќе ги преточи во лирика во своите вонвременски балади, а најубавите во ритам за веселба во вечните хитови, знаејќи и како да се носи искрено со среќата и како да ја носи скриено тагата во себе.

Силен и впечатлив во песните, уште повеќа на сцената во настапите и концертите, одан и верен на својот стил и  публика, но уште повеќе на  темелните вредности во животот, семејството и најмилите. Зашто знаел уште од дете што значи сам сиот живот да се бориш за да го создадеш и створиш она до што тешко се доаѓа дури и со туѓа помош. Успех без дамки, без афери и трачеви, без црнила и флеки ниту во кариерата ниту во приватноста. Затоа неговата големина не е само физичка и музичка, туку можеби најмногу и човечка.  Можеби затоа најмногу му пречат изгубените суштински вредности во „новите времиња“, па стигна дури и во песна да го опее начинот на кој денес се живее, иако тоа, никако ниту од далеку не е!?

За себе и својата кариера која мошне успешно повеќе од четири децении ја тера, за песните и приказните содржани во нив, за животот кој не го галел и милувал, туку напротив многу предизвици и препреки му приредувал, за да ги мине сите искушенија и денес гордо да стои како еден од предводниците на македонската естрадна сцена, во ова издание на интер ток шоуто „Ништо лично“ лице в лице Антонио Димитриевски со Дарио Панковски.

Премиерно, вечерва среда (16. април 2025), во 20.00 часот директно на   YouTube каналот на КурирМК (

 

 

To top