Време е за крај: Данецот Симон Кјаер ја заврши богатата кариера

Поранешниот дански репрезентативец, Симон Кјаер, официјално ја заврши својата фудбалска кариера. Дефанзивецот беше без клуб по истекот на договорот со италијанскиот Милан, по што реши да ги „обеси копачките“ и да замине во пензија. 

35-годишниот стопер имаше неколку понуди од тимови кои учествуваат во Лигата на шампионите, но реши да ги одбиe и конечно ќе има повеќе време за себе и своето семејство. 

„Мислам дека е вистинско време да го завршам овој дел од животот. Сакав да ја комплетирам кариерата како играч на Милан, но за жал не успеав. Секако дека можев да имам поубав крај, но и вака не е лошо. Не жалам за ништо, имав многу успешни и прекрасни моменти“, изјави Кјаер. 

Данецот во текот на кариерата играше за Мидтјиланд, Палермо, Волфсбург, Рома, Лил, Фенербахче, Севиља, Аталанта и Милан, а за националниот тим впиша 132 натпревари и постигна пет гола. 

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.