Жоао Феликс е четврти најскапоплатен фудбалер во светот, но Португалецот никако не успева да влезе во ритам каков што се очекува за играч што заработува толку многу пари. Феликс сезонава игра во Милан и тоа како позајмен играч од Челзи, но има само еден гол во 11 средби.
На последниот меч во Серија А, Милан загуби со 2:1 на гости кај Наполи, а Росонерите на полувреме губеа со 2:0. Токму кога играчите излегуваа од тунелот да започне вториот дел, камерите го забележаа искусниот Кајл Вокер како му држи лекција на Феликс.
Искусниот англиски дефанзивец беше незадоволен што Феликс премногу ја држи топката во свои нозе и го советуваше побрзо да реагира и да додава на соиграчите.
„Само додај ја топката, тука никој не е Меси“, му вели Вокер на Феликс.
Kyle Walker to Joao Felix: “Just pass the ball, no one here is Lionel Messi”
— Leo Messi
Fan Club (@WeAreMessi) April 1, 2025