23 Април, 2025
0.0268

Промоција на партизанскиот роман на Моџо Килингтон – „СФ – СН“

Објавено во: Мои пари 08 Април, 2025 13:35

Добивај вести на Viber

Четвртиот роман на Моџо Килингтон – „СФ-СН“ ќе биде промовиран утре (9 април, среда), во 19 часот, во „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“, во рамките на второто издание на фестивалот за литература и општа култура „Видик“.  Промотор на книгата, која е во издание на „Арс Либрис“, дел од „Арс Ламина – публикации“, ќе биде уредничката Оливера Ќорвезироска.

„СФ – СН“ најдобро се опишува самиот себеси со духовитиот, но и мошне прецизен поднаслов: партизански роман. Поднасловот функционира и како жанровска одредница, но и како алузија на едно важно време. Тој е и логично и природно надополнување на насловот, всушност на кратенката на познатото југословенско партизанско мото „Смрт на фашизмот – слобода на народот“ кое се користело и како поздрав меѓу членовите на движењето на отпорот.

„СФ – СН“ е необичен роман, навраќање на едно подалечно време, но и на еден навидум анахрон, дури соцреалистички начин на пишување. Поигрувајќи си со ваквата фактура, авторот го реактуализира херојското време од еден личен, љубовен ракурс, со мошне жив и впечатлив еротски пристап. На крајот има и цела песнарка на необјавени песни на еден лик – загинат, непознат поет-партизан... што е досетлива мистификација којашто романот го приближува и кон постмодернизмот.

Моџо Килингтон е писател, сценарист, активист на социјалните мрежи. Негови досегашни дела се: романите „Есента во животот на професорот по марксизам“, „Уништување“ и „Денот кога не се разбудив“, како и поетската книга „Аутопсија на љубовта“, сите во издание на „Арс Ламина“.

Книгата е достапна во сите поголеми книжарници и онлајн на www.literatura.mk.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство

Ново искуство во дигиталните финансии – Комерцијална банка лансираше нов портал за електронско банкарство

Започна седумнаесеттото издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025: Врвна обука за идни лидери во бизнисот и претприемништвото

Започна седумнаесеттото издание на ЛИДЕР Проектот на Македонија2025: Врвна обука за идни лидери во бизнисот и претприемништвото

Движење што менува – ХалкЕко како двигател на еко-свеста

Движење што менува – ХалкЕко како двигател на еко-свеста

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

Еко-акција на Телеком за собирање стари електронски уреди

ПроКредит Банка организира работилница за дигитална трансформација на малите бизниси во Струмица

ПроКредит Банка организира работилница за дигитална трансформација на малите бизниси во Струмица

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

„Алкалоид“ трета година по ред е апсолутен победник - најпосакуван работодавач за 2024 година

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

Владимир Мартиновски: Во сонетниот венец „Часови без часовник“ се преплетуваат љубовта и нештата што ме загрижуваат

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

„КАМ“ прогласен за најпосакуван работодавач за 2024 година

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“

CUPRA Formentor и Audi A5 се победници! - Доделени наградите „Златно Тркало 2025“