Голем одрон на патот Струмица-Валандово

Од:

Утрово одрон од камења и земја се урна на патниот правец Струмица-Валандово, кај селото Костурино, најверојатно предизвикан од дождовите, а сообраќајот се одвива само по една коловозна лента.

Веста ја објави градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов на неговиот фејсбук профил од каде повика граѓаните да бидат претпазливи и внимателни. Ги повика и надлежните институции веднаш да постапат и да превенираат поголема катастрофа.

Додава дека како градоначалник стои на располагање на државните институции доколку имаат потреба од било каква помош од Општината.

Инаку, пред малку и од АМСМ известија дека е отежнат сообраќајот на патот Струмица-Валандово, кај селото Костурино, заради одрони и сообраќајот се одвива отежнато и забавено.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Голем одрон кај Мостар: Се истражува како дошло до несреќата во која има и повредени

Горан Наумовски

Одрон на патот Прилеп – Витолишта, сообраќајот се одвива отежнато

А1он

Одрон на патот село Извор – село Иванчишта

Чести одрони на патиштата во Дебарско, на Маврово снег

Голем одрон на автопатот Скопје-Велес, запрен е сообраќајот

Катерина Ѓуровски

Поради одрон во прекин сообраќајот на патот Дебар-Маврово кај Утока

А1он