ПСЖ и Наполи се договорија, Квича станува нов „светец“!

Како што претходно беше најавено, Квича Кварацкелија потпиша петгодишен договор со Пари Сен Жермен. Грузискиот фудбалер по три сезони ќе го напушти Наполи и ќе се пресели во ПСЖ за трансфер вреден околу 70 милиони евра.

Во текот на летото ПСЖ имаше неуспешен обид да го доведе 23-годишниот крилен напаѓач како замена за Килијан Мбапе, кој замина во Реал, откако тогаш Наполи не дозволи заминување на својот најдобар фудбалер. Сепак, сега Квича побара трансфер и раководството на клубот од  Неапол немаше друго решение освен да ја прифати понудата на „светците“.

Кварацкелија постигна вкупно 30 гола на 107 натпревари за Наполи и учествуваше во освојувањето на титулата во Серија А пред две години. Оваа сезона тој постигна пет гола за клубот од Неапол и запиша уште три асистенции.

Прочитајте повеќе околу трансферите во Македонија и во светот на ОВОЈ линк.