ПO КАТЕГОРИИ
НАЈВАЖНО
ПО ИНТЕРЕС
ПО ФАКУЛТЕТИ
11.06.2024
ФРЛЗ организира Конференција за децентрализација и граѓанско учество
Автор: Goce Author

ФРЛЗ – Фондација за развој на локалната заедница – Штип, по трет пат ја организира Конференцијата за децентрализација и граѓанско учество во креирањето на локални политики.

На Конференцијата ќе бидат презентирани резултатите од новото истражување за вклученоста на граѓаните во креирањето на локалните политики, донесувањето одлуки, фискалната децентрализација, капацитетот на единиците на локалната самоуправа за управување на јавните средства и вклучување на граѓаните.

ФРЛЗ оваа Конференција ја организира заедно со Фондација Отворено општество – Македонија и Strategic Development Consulting.

Резултатите од истражувањето ќе ги презентира Кристина Хаџи Василева, Извршна директорка на Консалитнг за стратешки развој.  Темата на дебатата ќе биде „Фискална децентрализација и граѓанско учество“.

Учество ќе земат и претставници на Министерството за локална самоуправа, градоначалникот на Штип Иван Јорданов, претседателката на Советот на општина Битола Габриела Илиевска и професорот на Катедрата за економија на УКИМ, Борче Треноски.

Конференцијата ќе се одржи во вторник, 18 јуни, во 11 часот, во Свечената сала на Правниот факултет на УГД.

Yoco Join – иницијатива за поактивни млади
Штип УГД во борба за одбојкарската титула